Почетна » Новости » Актуелно » Факти за хемофилтрацијата како етаблирана метода за лекување на критични пациенти и нејзината примена при КОВИД-19

Факти за хемофилтрацијата како етаблирана метода за лекување на критични пациенти и нејзината примена при КОВИД-19

Од почетокот на пандемијата со КОВИД-19, па досега, терминот хемофилтрација непрекинато поттикнува многу прашања, а во јавноста се појавуваат и шпекулации околу методата.

Со цел да добиеме појасна претстава за оваа метода за лекување, во продолжение следуваат медицински издржани и јавно достапни факти:

КОВИД

Факт 1: Методата не е нова, ниту експериментална. Таа е за прв пат ставена во употреба во САД од страна на Бартон во 1976 година и во Германија во 1977 година од страна на Крамер и Гетинген. Инфо на линкот: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/9573587/.

Континуираната Рено-ренална заместителна терапија (CRRT) опфаќа повеќе различни типови на филтрација. Хемофилтрацијата е еден од типовите на CRRT методата. Во одделите за интензивно лекување ширум светот, таа се користи веќе 20 години наназад. Повеќе инфо: https://www.baxter.ca/healthcare-professionals/critical-care

Факт 2: Хемофилтрацијата како метода се изведува со помош на специфична машина и специјални филтри кои се поставуваат на истата, во комбинација со стерилно подготвени раствори наменети за оваа процедура. Крвта полна со отрови поминува низ филтерот кој ги задржува отровите, а прочистената крв се враќа во организмот. Тука треба да се истакне дека сето ова се случува во затворен стерилен систем, внатре во филтерот, при што машината само врши механичко движење на крвта во линиите од системот, без да има директен контакт на крвта со самата машина. Прочитајте повеќе https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/32438839/ и погледнете го видеото: https://www.youtube.com/watch?v=lS_Msy6mpik

Со оваа метода се прочистува крвта од:

  • отрови и распадни продукти (уреа, креатинин), коишто настануваат при одредени заболувања кои доведуваат до компромитирање на бубрежната функција;
  • создадени отрови, воспалителни отровни материи (интерлеукин-6, цитокини, ендотоксини) при вирусни и бактериски инфекции на организмот.

Факт 3: КОВИД-19 не е обична вирусна инфекција! Од медицински аспект во позадина на ова заболување стои воспалителен - имунолошки одговор, пред сè на ендотелот (внатрешната обвивка) на крвните садови во целиот организам, што резултира со ослободување на воспалителни-инфламаторни маркери како што се: цитокини, интерлеукини и други ендотоксини, т.е. отрови во крвта, поради кои состојбата на пациентите многу често брзо се влошува, а дел од нив завршуваат и фатално. Повеќе детали: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/34528075/

Факт 4: Хемофилтрацијата широко се употребува во справување со последици од КОВИД-19. Прва земја која ја користи е Кина. Нивните медицински искуства покажале дека смртноста кај сериозно загрозени пациенти се намалила за 30% кај оние кои биле третирани со оваа метода. Прочитајте ја целата студија: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/32438839/

А веќе во 2022 година, следат многубројни сублимирани резултати од примената на оваа метода. Прочитајте повеќе на: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC9066462/

Факт 5: Официјални одобренија за употреба на хемофилтрација со Огзирис филтерот во третман на КОВИД-19 пациенти има, како во САД така и во ЕУ. И тоа:

  1. 10.04.2020 година од ФДА (Федерална агенција за храна и лекови на САД). Официјален документ во оригинал: https://www.fda.gov/media/137268/download; https://www.nsmedicaldevices.com/news/baxter-oxiris-covid-19/; https://www.fda.gov/medical-devices/coronavirus-disease-2019-covid-19-emergency-use-authorizations-medical-devices/continuous-renal-replacement-therapy-and-hemodialysis-devices-euas
    Истиот месец се изготвени и препораките за употреба на оваа метода во САД. Официјален документ во оригинал: https://www.uab.edu/medicine/obriencenter/images/AKI_COVID-19_Recommendations_Document_03.21.2020.pdf
  2. 08.06.2020 година CRRT методата (машините, линиите и филтрите) со сите нејзини типови (вклучително и хемофилтрацијата) влегува на официјална листа за есенцијални медицински средства (MDs and IVDs номенклатура за КОВИД-19) составена од страна на Европската Комисија. Листата е достапна тука: https://docslib.org/doc/3569223/list-of-covid-19-essential-medical-devices-mds-and-ivds

По ова следат препораките за употреба на истата метода кај КОВИД-19 пациенти издадени од 3 релевантни здруженија: Европското здружение за интензивно лекување, Британското здружение и Реналната асоцијација. Линк до оригиналниот документ: https://ukkidney.org/sites/renal.org/files/Clinical%20Practice%20Guideline_RRT%20for%20Critically%20Unwell%20Adult%20Patients_FINAL.pdf

Факт 6: Употребата на филтерот за оваа метода е одобрен во Македонија во август 2020 година од страна на МАЛМЕД (Македонската агенција за лекови и медицински средства).

Клиничката болница Жан Митрев оваа метода за прочистување на крвта ја користи од 2008 година во третманот на инфективен ендокардит (бактериска инфекција на срцевите залистоци) кај пациенти кои е неопходно да бидат оперирани, пациенти со миокардит (инфективно воспалување на срцев мускул), сепса и потреба за кардиохируршки третман, што резултира со позитивен исход за третираните пациенти. Додека пак, кај пациенти заболени од КОВИД-19 почнува да ја употребува од јуни 2020 година. Употребата на оваа метода се прави строго според препораките дадени во упатството за употреба на филтерот Огзирис. Препораките за користење можете да ги прочитате на: https://www.nsmedicaldevices.com/news/baxter-oxiris-covid-19/

Од Жан Митрев потенцираат: „Сметаме дека е важно пошироката јавност да ги знае сите факти, со цел да го задржиме нивото на релевантност и дискусијата да остане да се одвива во стручните кругови и надлежните институции со кои соработуваме, а не да се генерираат неосновани шпекулации кои се далеку од вистината, а кои ја компромитираат хемофилтрацијата како етаблирана метода за лекување на тешки и критично болни пациенти во одделите за интензивно лекување ширум светот“.

Промотивна објава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.