Почетна » Новости » Актуелно » Успешно вградено вештачко срце кај уште еден пациент на д-р Жан Митрев

Успешно вградено вештачко срце кај уште еден пациент на д-р Жан Митрев

На Дејан Христовски, млад пациент во 40-тите години му е продолжен животот откако од д-р Жан Митрев заедно со тимот му беше вградено вештачко срце. Механичка циркулаторна потпора или т.н. механичко срце кое се вградува до срцето ја подобрува функцијата и ја надополнува во оној дел каде не е функционално.

пациент на д-р Жан Митрев

Кај Христовски е дијагностицирана тешка дилатативна кардиомиопатија која во последните неколку години особено се влоши и срцевата функција континуирано опаѓаше. Вештачкото срце, покрај класична трансплантација, претставува една од двете можни опции за пациенти кај кои не помагаат лекови.

пациент на д-р Жан Митрев

Кај овие пациенти потребна е постоперативна обука за нив и за семејството за ракување со поставениот уред. Кај Христовски постоперативна обука поминаа успешно и пациентот беше пуштен дома.

пациент на д-р Жан Митрев

Ова е еден од 40-те пациенти кај кои во текот на изминатите 4 години д-р Жан Митрев заедно со својот тим има вградено ваков уред. Сите овие пациенти со вградувањето вештачко срце добија шанса за враќање во нормален живот.

Видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19741 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.