Како што старееме, нашите клетки слабеат и стануваат поподложни на клеточни повреди, оксидативен стрес и оштетување на клеточната ДНК. Загадувањето на средината и УВ-зрачењето се важни стресори. Топлото време е на прагот и ни претстојат сè повеќе активности надвор, така што сега е вистинското време да ги заштитиме скалпот и косата од предвремено стареење.
Збогатете ја дневната рутина за нега на косата со спречување предвремено стареење и заштита на кожата
Швајцарскиот дерматолог проф. д-р мед. Северин Лохли од „Dermacenter“ Цирих го објаснува следново:
„Трите главни аспекти на стареење на косата се опаѓање, намален квалитет и промена на бојата (побелување). Опаѓањето, намалениот волумен, намалената густина и намалениот квалитет на косата се слични со процесот на стареење на кожата, а се поврзани и со намалена еластичност и слаба хидратација.“ Резултат на ова е губење на сјајот и сушење на косата, а со тоа косата потешко се оформува. Знаците на стареење на косата обично стануваат видливи околу 40-тата година. „Тоа е вистинската возраст кога треба да се започне со подобра нега на скалпот, а тоа е кожата под косата“, препорачува доктор Лохли.
„Матичните клетки во фоликулите се претвораат во нешто прекрасно и посебно – влакно. Тоа е биолошко чудо што се одвива во текот на целиот живот, одново и одново, како што старееме. Овие чуда стануваат многу чувствителни на надворешни стресори, какви што се слободни радикали предизвикани од УВ-зрачење или загадување“, објаснува доктор Лохли. Овие слободни радикали може да предизвикаат трајно оштетување на фоликулите. Покрај тоа, УВ-зрачењето директно ги оштетува и протеините во влакната, што води до дополнително намалување на дијаметарот на влакната, намален волумен, намалена густина и кршливост бидејќи влијае врз површината на оној дел од влакното што е над кожата.
Исто како што на цвеќињата им се потребни здрави корени и здрава почва за да цветаат, така и за прекрасна коса се потребни здрави фоликули во здрав скалп. Заштитата на фоликулите од оксидативен стрес е од огромно значење во негата на косата и заштитата од стареење. Накратко, она што спречува стареење на кожата, може да спречи и стареење на косата: заштита од УВ-зрачење и правилна количина хидратација се клучните фактори за успешно спречување на стареењето на косата и нега на скалпот, какви што се и антиоксидативните и антивоспалителните агенси. Доктор Лохли нагласува: „Да појаснам, ефикасната заштита од УВ-зрачење е задолжителна при секоја прошетка на пролетното и летното сонце.“ За да постигнете најдобри резултати, производите мора да ги користите правилно, на пр. со придржување до времето за нанесување шампон или до препораките за дозирање на средствата за хидратација.
Здравата и убава коса е поврзана со позитивната перцепција за себеси
Доктор Лохли го споделува своето искуство: „Опаѓањето на косата им претставува голема грижа на моите пациенти. Повеќето од нив мислат дека тоа е последица на болести или на хормонален дисбаланс, а не на стареење. Тие не се свесни дека косата старее, а не знаат ни дека постои нега на скалпот и заштита од стареење. Косата е многу важна за самодовербата, прави да се чувствуваме динамични и млади. А сега, бидејќи имаме решение за тоа, важно е и да го примениме! Мораме да ја подигнеме свеста дека опаѓањето на косата не е судбина од која нема бегање.“
Како нов тренд во дерматологијата, со кој конечно се затвори долгозанемаруваниот јаз помеѓу потребите на пациентите и фокусот на научниците, стареењето на косата сега може успешно да се забави. Денес, сите што внимаваат на својата нега имаат пристап до квалитетни, научно докажани производи за зајакнување на коренот на влакното и заштита и потхранување на скалпот и фоликулите. Бидејќи усовршувањето на негата против стареење на косата е за сите.
Дознајте повеќе за концептот на квалитетниот и иновативен производ Revalid тука: www.revalid.com
ЗА REVALID®
Revalid® е развиен во 1992 година во Швајцарија за холистичка нега на коса и како третман против опаѓање на косата. Експертите ги создадоа квалитетните производи Revalid® со специјална формула што одговара на сечии потреби, за поздрава и посилна коса. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија. www.revalid.com
ЗА EWOPHARMA
Ewopharma AG, со седиште во Шафхаузен, Швајцарија, е фармацевтска маркетинг-компанија со фокус на пазарите на Централноисточна Европа и Швајцарија. Со речиси 60 години присуство во регионот, Ewopharma има огромно познавање на овие пазари и привилегирана позиција во регионот. Компанијата ги покрива сите аспекти од пристапот до пазарот и комерцијализацијата на етички фармацевтски производи и медицински производи достапни за потрошувачите. www.ewopharma.com
Комерцијален текст