Незамислива тага синоќа надвисна над македонската јавност по распространувањето на веста за пожар во модуларната болница во Тетово. Пожарот е изгаснат, но официјално е потврдено дека зеде повеќе човечки животи.
Има вкупно 14 жртви од 26-те пациенти кои се лекуваа во КОВИД-центарот. Останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Оваа информација беше соопштена од министерот Венко Филипче.
Би сакал да информирам со големо жалење дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.
— Венко Филипче (@VFilipche) September 9, 2021
Филипче додаде и дека нема настрадани здравствени лица, а само неколкумина се со полесни повреди.
Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Изразувам искрено сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа.
— Венко Филипче (@VFilipche) September 9, 2021
Синоќа, Премиерот Зоран Заев соопшти:
Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.
Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.
Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.
Министерот Венко Филипче уште синоќа потврди дека е двоцифрен бројот на починати и порача да не се шпекулира со вака сензитивни информации.
Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме.
— Венко Филипче (@VFilipche) September 8, 2021
Многу граѓани се молат за лицата засегнати од трагедијата и изразуваат жалење:
Гори модуларната ковид болница у Тетово. Неофицијално има повредени пациенти и пожарникари и а има и жртви. pic.twitter.com/2bxmxrnXpU
— Персона нон Плата (@bojankuk) September 8, 2021
Гори Ковид Центарот во Тетово, велат има изгорени луѓе….немам зборови. pic.twitter.com/eySj893is3
— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) September 8, 2021