Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска ја прославуваат Стара Нова година во интимна атмосфера.
57-годишниот политичар и 48-годишната професорка на Стоматолошкиот факултет објавија семејни фотографии на кои релаксирано позираат пред накитена новогодишна елка со нивниот син Огнен.
За време на празничниот период, Првата дама учествуваше во акција за делење на пакетчиња на Детската клиника, на дечињата хоспитализирани во болницата во Козле, како и на децата од СОС Детско село и здруженијата Проект Среќа, Трисомија 21, ПРКОС и Доза Среќа.