Почетна » Новости » Актуелно » Српската актерка Милена Радуловиќ со ново потресно сведочење за учителот кој ја силувал на 17 години

Српската актерка Милена Радуловиќ со ново потресно сведочење за учителот кој ја силувал на 17 години

Милена Радуловиќ повторно се соочи очи в очи со Мирослав Мика Алексиќ.

Српската актерка на суд сведочеше против учителот по глума, за кој тврди дека ја силувал во неколку наврати, кога била на само 17-годишна возраст.

Смелата ѕвезда од филмот „Тома“ сподели вознемирувачки детали за неговото злоставување и одговараше на прашањата поставени од неговиот адвокат.

За време на тричасовното сведочење, Милена се отвори за моментот кога ја силувал притиснувајќи ја на пијаното.

„Јас се подготвував за тој приемен испит и своеволно доаѓав на часови на кои немаше никој друг освен мене. Спремав два монолози и за време на вежбањето на сцена, тој ме турна со своето тело кон клавирот. Се обидував да го оттурнам со рацете, но тој не престана. Потоа, ми нареди да седнам на клавирот и тогаш се случи сè. Седнав на делот каде што се дирките, бев помеѓу неговото тело и клавирот, тогаш со рацете ми ги рашири нозете и затоа што носев здолниште само ми ја соблече долната облека“ – рекла 28-годишната актерка.

„Ве молев да не го правите тоа, ме гледавте како венеам. Како ме уништувате“ – вака Милена со тешко срце му рече в лице на Мика.

Милена Радуловиќ

Адвокатот на Алексиќ ја запрашал Милена зошто повторно доаѓала во неговото студио и покрај злоставувањето.

„Кога првпат се случи, бев во шок. Не можев да си објаснам себеси, се обидов да си објаснам дали е тоа некаков тест. Кога ме допираше бев уплашена, чувството на такво предавство. Човекот на кој му верував ми направи нешто толку болно, мислев дека ме казнува, се чувствував валкано“ – признала таа.

Мирослав сега има 71 година, а за време на сексуалните напади имал 61.

Милена Радуловиќ

„Пред да започне сè, го сметав за добар предавач и педагог. Сфатив дека не е тоа кога започна злоставувањето, но не смеев да кажам никому. Се чувствував понижено и уплашено, не сакав да го напуштам тоа што го сакав најмногу. Ме понижи до тој степен што ме уништи психички, систематски и тенденциозно, тоа беше борба за живот. Бев исплашена.“

„Се чувствував како да сум мачена, тогаш не го нарекував силување. Дури сега, кога разговарав со психотерапевт, сфатив дека сум доживувала класично сексуално злоставување“ - вели Милена.

Милена зборува и во името на други негови ученички, кои биле навредувани и малтретирани.

„Ни зборуваше дека сме болничарки, дека од нас нема да биде ништо. Редовно знаеше да праша: ‘Дали си ти ку***?’ и да ни зборува дека сите жени се ку***. Нè нарекуваше ку***, болничарки, домаќинки, продавачки во бутик.“

„Тие навреди беа нормални во студиото на Мика. Понекогаш ни беше смешно, па се смеевме, а кога тебе ќе ти дојдеше ред за навреди, само чекаш да помине“ – рекла таа во сведочењето.

Милена Радуловиќ

Мика е сопственик на драмското студио „Stvar srca“. Школата на Алексиќ била многу популарна. За време на часовите, децата не само што учеле глума, туку и стекнувале основни животни вештини, а често оделе и на екскурзии. Иако тој бил многу строг и се служел со навреди и уцени, неговите ученици имале одредена стравопочит.

Милена, која моментално гради успешна кариера и во Србија и во Русија, истакнува дека обелодувањето не е мотивирано од одмазда, туку од желбата да се заштитат девојки кои би паднале во канџите на Алексиќ.

Милена седум години ја посетувала школата на Мика, но во првите шест и пол години не постоеле никакви злоставувања. Токму поради долгогодишните дружби, Милена го сметала Мика како член на семејството.

Милена пристигна во судот за рака со своето момче. Таа добива огромна поддршка за својата храброст.

Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.