Почетна » Новости » Актуелно » „Не само што ме силуваше, туку и ме истепа“: Потресна исповед на Милена Радуловиќ на судењето на учителот по глума

„Не само што ме силуваше, туку и ме истепа“: Потресна исповед на Милена Радуловиќ на судењето на учителот по глума

Милена Радуловиќ се соочи со сексуалниот предатор за кој тврди дека ја силувал на 17-годишна возраст и доби лавина поддршка на социјалните мрежи.

Српската актерка пред суд сведочеше против учителот за глума Мика Алексиќ, кој од неколку жртви е обвинет за сексуалното малтретирање. Тој категорично ги отфрла сите обвинувања и вели дека не е виновен.

Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ

28-годишната ѕвезда од филмот „Тома“ сподели дека не проговорила порано затоа што се плашела од Алексиќ кој во една прилика дури и ја истепал.

„Кога првпат ми се случи тоа, мислев дека бакнежот е негов тест, можеби дали сум доволно силна. Потоа се случи пенетрирање со прстите во моето тело. Бев исплашена и шокирана. Тоа беше чувство на предавство од човек на кого му верував, кон кого имав почит и стравопочит. Изгубив самодоверба, мислев дека ме казнува, се чувствував валкано. Потоа се случија закани... Тој човек ме повреди како никој друг во животот. Уживаше во болката, во плачењето, не знаев на што е способен тој човек“ – рекла таа.

Радуловиќ раскажала дека кога се обидела да му се спротивстави на Мика, тој ја претепал пред цела група која мислела дека тоа е некаква вежба.

„Алексиќ ме шамареше со отворена дланка и силно ме турна, така што се удрив со тилот во плакарот. Тоа сите го видоа и му аплаудираа, мислејќи дека во прашање е вежба. Но, тоа не беше вежба“ – раскажала таа.

На прашањето дали некогаш побарала од Алексиќ да прекине со сексуалното малтретирање, таа одговорила:

„Во текот на самиот чин, го молев да престане, но никогаш после тоа не разговарав за тоа. Секојпат кога силум морав да го видам, гледав само да избегам“.

Милена рекла дека не ја напуштила групата за глума затоа што се плашела од него, но и од неговата моќ да ја сврти групата против неа. Таа одлучила да зборува откако била контактирана од малолетна ученичка на Алексиќ, која со неа споделила дека минува низ слично искуство.

„Не можев да издржам и да продолжам да се чувствувам виновна што молчам додека тој продолжува да го прави истото, па и уште полоши работи. На почетокот не ни размислував на можноста за кривична пријава, бидејќи идејата беше само да проговориме за родителите на децата кои одеа во школата да знаат на што е способен овој човек“ – рекла таа.

Милена пристигна во судот за рака со своето момче и доби огромна поддршка преку социјалните мрежи. Многу интернет корисници го испишаа нејзиното име на своите профили за да ја потсетат дека не е сама во оваа битка.

Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ

Алексиќ од седум ученички во школата за глума се терети за повеќе кривични дела поврзани со силување и сексуално малтретирање.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.