Почетна » Новости » Актуелно » Со свечена церемонија и доделување на награди заврши фестивалот „Балканот надвор од границите“ во Битола

Со свечена церемонија и доделување на награди заврши фестивалот „Балканот надвор од границите“ во Битола

Фестивалот на кратки филмови „Балканот надвор од границите“ годинава за првпат се одржа во Битола.

Оваа манифестација веќе 13 години функционира како тематски фестивал на краток филм и секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа.

Овогодишното издание беше организирано заедно со здружението Сфера Интернешнал под тема „Одлепување на мозаикот“ и се одржуваше од 19 до 22 октомври во Центарот за култура во Битола.

Фестивал Балканот надвор од границите

Менувањето на градовите е со цел да привлекува нова публика и да промовира меѓубалканска соработка. Во своето 12-годишно патување, овој фестивал се има одржано во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Софија, Брисел, Нови Сад, Измир и Приштина.

Во Битола гостуваа 40-тина млади филмски режисери кои ги прикажаа своите остварувања пред официјалното жири составено од Дина Дума од Македонија и Танасис Неофотистос од Грција, како и Јелена Мишељиќ од Црна Гора.

Фестивал Балканот надвор од границите

„Фестивалот понуди краткометражни филмови од сите жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови. Градот Битола беше одличен домаќин на ова 13 издание, идеално вклопен во духот и искуството на BBB, со сеопфатна програма на кратки филмови, главно составена од балкански продукции, како и паралелни настани. Поминавме заедно незаборавни денови“ – истакна Василики Малтасоглу, директорка на фестивалот.

Програмата на фестивалот се состоеше од филмски проекции и натпреварувачка програма со 32 кратки филмови, кои ги претставија балканските филмаџии.

Жирито на 13-тото издание му ја додели наградата за Најдобар филм на анимираниот краток филм „Granny's sexual life", во режија на Урска Ѓукиќ и Емили Пигеард, базиран на анонимни сведоштва собрани од Милена Миклавчиќ.

„Mоќна, симболична слика која нуди видливост на неискажаната, брутална вистина за семејното насилство врз жените и положбата на жената во поранешна Југославија. Тоа им дава глас на оние кои ретко ја споделуваат својата болка што го прави овој филм релевантна тема дури и сега. Хумористичниот пристап го прави филмот лесно достапен за публиката, но сепак ве остава со непријатно чувство, како да сте сведоци на приказните на овие жени“ – истакна стручното жири.

Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите

Активното учество на публиката годинава беше од непроценливо значење, и со гласање беше награден за филмот кој најмногу ја инспирираше и трогна битолската публика, а тоа беше филмот „Me and the Other” на Бусе Халаџолу, кој ја доби наградата од публиката (300 €).

Наградата за дебитантски филм ја доби филмот „JAM” на Тасу Палисиду, за неговиот суптилен режисерски пристап и моќната актерска изведба, која ги открива скриените емотивни мапи во секојдневната приказна. Наградата за прв влез е многу посебна за овај фестивал, бидејќи се стреми да ги промовира и поддржи младите филмаџии кои ги прават своите први чекори во нивното креативно и професионално патување.

Фестивал Балканот надвор од границите

Жирито на БББ, исто така, даде Специјални признанија за три филма кои ги допреа преку нивниот уникатен естетски и режисерски пристап:

„Tina’s Problem” (од Радован Петровиќ) за неговата моќна, натуралистичка слика за системот во колапс и положбата на жената во него.

„Kids on the moon” (од Динко Драгановиќ) за импресивната снимка од долги патеки што успева да изгради голема тензија, коментирајќи за еден модерен општествен феномен.

„The End of Suffering (A Proposal)“ (од Жаклин Ленцу) за неговото исклучително филмско патување во сржта на светот во кој живееме.

Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите

Надвор од натпреварувачката програма, овогодишната програма за прикажување вклучуваше дополнителен број кратки филмови. Во рубриката „BBB & CO”, со соработка на PriFest како почит на поранешната директорка на PriFest Вјоса Бериша, која за жал почина, но продолжува да нè инспирира преку нејзината креативност и работа во филмската индустрија, но пред се, како личност, беа прикажувани кратки филмови од Косово. Дополнително во истата рубрика беа прикажувани кратки филмови од Северна Македонија, во соработка со фестивалот CineDays, и грчки кратки филмови курирани од Грчкиот филмски центар. Рубриката „БББ Фокус“, во соработка со Фестивалот на кратки филмови „Фантош“, прикажуваше кратки анимирани филмови од Швајцарија.

Фестивалот беше збогатен со паралелните активности и тоа работилници за фотографија и антропологија, фото маратон и изложба, работилница за креативно пишување на сценарио и настан за вмрежување во Грчката амбасада за сите присутни уметници и гости.

Работилницата „Преосмислување на идентитетите: Младите и контракултурата на балканска метропола“, организирана од грчката организација See in Action го постави прашањето како антропологијата и фотографијата се вкрстуваат и нудат алатки како поинаков начин на гледање. Потоа следеше Фото-маратон, на кој учесниците го фотографираа својот град и луѓето во него и ги изложија на отворена изложба на фотографија.

Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите

Покрај тоа, работилницата за пишување сценарија со Онур Озџан, насловена „Креативност наспроти реалност: Зошто вашето сценарио не е доволно добро“, понуди нови идеи и методи кога се справувате со проблемите што може да се сретнат во процесот на претворање на идејата во реалност.

Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите Фестивал Балканот надвор од границите

Ова издание на фестивалот продолжува да патува и натпреварувачката програма ќе биде следно прикажана во Атина, Грција во декември 2022 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.