Уште два дена нè делат од започнувањето на 13-тото издание на фестивалот на кратки филмови „Балканот надвор од границите”. Манифестацијата, која е основана во Атина, за првпат ќе се одржи во нашата земја, а домаќин ќе биде Битола.
Денес се одржа прес-конференција за најава на Фестивалот кој ќе се одржува од 19 до 22 октомври под насловот „Одлепување на Мозаикот“ во Центарот за култура во Битола.
![Балканот надвор од границите](/images/articles/26139/05.jpg)
„Причината зошто оваа година се одлучивме за насловот „Одлепување на мозаикот” е затоа што ние гледаме дека има потреба да се разбере кои сме ние и кои се луѓето околу нас. И ние не сакаме да имаме категории и да им ставаме имиња на луѓето, но да разбереме дека сите сме различни. Затоа нашиот мозаик се состои многу различни видови на личности и тука сме да ги претставиме. Фестивалот се состои од сите типови на жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови и преку овој начин сакаме да имаме комплетна програма на видови на филмови и исто така да го покриеме целосниот балкански регион. Ви благодарам“ – изјави Василики Малтасоглу, директорка на фестивалот за кратки филмови „Балканот надвор од границите”.
![Балканот надвор од границите](/images/articles/26139/03.jpg)
„Се наоѓаме тука во малата сала на центарот за култура, прв пат во Битола, прв пат во нашата држава, фестивал на кратки филмови кој што е со седиште во Атина. Еден четиридневен фестивал пионерски каде што ќе имаме можност да видиме многу различни филмови од балканот. Овај е 13 пат кој што се одржува фестивалот во разни држави од балканот, 55 кратки филмови, работилници и нормално бесплатен влез. Фестивалот е подржав од разни компании како и Министерство за култура, општина Битола, Центар за култура Битола кој што ни го дава овај простор како и помали компании кои што сакаат да учествуваат во тоа да носиме нешто ново во градот, нешто културно, нешто различно. Знаеме дека Битола е град кој што е културен на филмови нашата публика тоа го сака и затоа го носиме овај фестивал тука“ – изјави Милчо Дули од Сфера Интернешнал.
![Балканот надвор од границите](/images/articles/26139/04.jpg)
„Нас ни е особено чест и задоволство што во соработка со Сфера Интернешнал и Фестивалот “Balkan Beyond Borders”оваа година Битола ќе биде домаќин на овај фестивал, се работи за 13тото издание на овај фестивал, и ќе се одржи точно во центарот за култура Битола. Центарот за култура Битола програмски е насочен кон градењето на млада публика особено во делот на филмската дејност бидејќи нашето кино е дел од европската мрежа на кина Eurоpa cinemas така што програмски одлично се вклопува овај фестивал во нашите цели и амбиции. Ќе упатам уште еднаш благодарност до овие три организации кои што не избраа нас да бидиме партнери во организацијата на фестивалот“ – додаде Mенче Хаџи Коста Димевска стручен соработник за филмска дејност центар за култура.
![Балканот надвор од границите](/images/articles/26139/02.jpg)
![Балканот надвор од границите](/images/articles/26139/01.jpg)