Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 552 тестирања, а има 45 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 10
- Куманово 4
- Штип 1
- Прилеп 1
- Тетово 5
- Гостивар 4
- Крива Паланка 1
- Радовиш 1
- Кочани 9
- Пробиштип 1
- Берово 5
- Делчево 1
- Кичево 2
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од:
- Скопје 24
- Куманово 8
- Дебар 4
- Штип 1
- Прилеп 6
- Тетово 2
- Струга 1
- Битола 1
- Кавадарци 3
- Гостивар 7
- Гевгелија 5
- Крива Паланка 7
- Радовиш 2
- Кочани 2
- Пробиштип 1
- Пехчево 7
- Виница 4
- Свети Николе 1
Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131.