Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 529 тестирања, а има 63 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 42
- Куманово 3
- Тетово 2
- Прилеп 2
- Гостивар 1
- Штип 1
- Битола 1
- Велес 2
- Охрид 1
- Струмица 2
- Кавадарци 1
- Неготино 1
- Виница 1
- Пробиштип 2
- Крушево 1
Починати се 13 лица, пет пациенти од Скопје (69, 72, 77, 66 и 66г), два од Велес (66 и 80г), три од Струга (74, 87 и 73г), еден пациент од Кратово (52г), еден од Крушево (79г) и еден од Демир Капија (62г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од:
- Скопје 101
- Штип 7
- Битола 4
- Охрид 22
- Кавадарци 9
- Струга 4
- Кочани 4
- Неготино 5
- Дебар 7
- Крива Паланка 3
- Ресен 2
- Радовиш 1
- Берово 3
- Пробиштип 2
- Демир Капија 2
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.992, бројката на оздравени пациенти е 73.777, на починати е 2.715, а бројот на активни случаи изнесува 12.500.