Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 450 тестирања, а има 11 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 3
- Куманово 1
- Тетово 1
- Гостивар 1
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 1
- Берово 1
- Виница 1
- Делчево 1
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од:
- Скопје 44
- Штип 16
- Прилеп 3
- Велес 2
- Кавадарци 4
- Гостивар 2
- Гевгелија 1
- Струмица 2
- Кочани 2
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 2
- Виница 3
- Свети Николе 11
- Кичево 1
- Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581.