Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 378 тестирања, а има 46 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 22
- Куманово 2
- Прилеп 1
- Тетово 1
- Струга 7
- Охрид 3
- Кавадарци 4
- Гостивар 3
- Македонски Брод 1
- Ресен 1
- Неготино 1
Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти од:
- Скопје 295
- Куманово 13
- Штип 7
- Прилеп 39
- Тетово 12
- Струга 3
- Велес 4
- Битола 9
- Охрид 33
- Кавадарци 41
- Гостивар 9
- Гевгелија 4
- Струмица 16
- Крива Паланка 3
- Кочани 2
- Пробиштип 2
- Македонски Брод 2
- Валандово 6
- Кратово 1
- Свети Николе 2
- Кичево 4
- Ресен 2
- Неготино 17
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.789, бројката на оздравени пациенти е 62.469, на починати е 2.522, а бројот на активни случаи изнесува 18.798.