Почетна » Новости » Актуелно » Скопје Сити Мол: „Food Court“ за сите генерации!

Скопје Сити Мол: „Food Court“ за сите генерации!

Храната претставува незаменлив дел од нашето секојдневие, она што нѐ обединува и зближува. Целокупното доживување е уште подобро кога е надополнето со елементи кои придонесуваат за попријатна атмосфера.

Токму ова го препозна трговскиот центар Скопје Сити Мол, кој во изминатиот период работеше на креирање уште подобри услови и атмосфера за посетителите, имајќи ги предвид нивните барања и потреби. Водејќи се од важноста на храната и просторот за релаксација од шопинг, Сити Мол инвестираше во креирање ново руво на одделот за храна лоциран на вториот кат во трговскиот.

Скопје Сити Мол

Проширен со повеќе маси, нови сепариња работа и седечки позиции за уживање, овој простор е актуелно катче за дружби за различни генерации – од тинејџери кои знаат дека за добар помин неопходна е храна, до родители кои со своите дечиња решиле да поминат семеен ден надвор од домот, а притоа да ги завршат и неопходните набавки, па сѐ до сите оние кои имаат динамично темпо на живот и сакаат на брзина да испијат кафе или да уживаат во оброк.

Скопје Сити Мол

Она што е новитет во овој простор е прилагодувањето на терасата за нејзина употреба во сите периоди од годината. Како застаклен простор со лизгачки врати, се овозможува многу едноставен пристап кон овој дел. На овој начин посетителите можат да уживаат во своето кафе, оброк, во различни атмосфери и сезони, од пријатна пролетна атмосфера со поглед кон раздвижениот булевар и расцветаните дрвца или пак во поглед кон дел од нашето Водно, покриено со снежна покривка. Воедно, Скопје Сити Мол ги уважува потребите на сите свои посетители, вклучително и на оние кои консумираат и тутунски производи, креирајќи катче во кое истите можат без пречки да уживаат.

Скопје Сити Мол

Од аспект на понуда, во Скопје Сити Мол е понудено мени буквално за сечиј вкус! Од новата понуда со паста и пица, пропартено со класична понуда на „брза“ храна на американски начин, за љубителите на бургери и хот-дог, гиро за сите оние кои преферираат нивниот оброк да има грчки шмек, до донер, пица и пастрмајлија, или пак кинески оброци, во трговскиот навистина можете да пронајдете сѐ што ви се јаде. Секако, за уживателите во слатката понуда, тука се и незаменливите палачинки, како и голем избор различни десерти.

Скопје Сити Мол

За уште подобро доживување на посетителите, одделот за храна е и целосно покриен со бесплатен безжичен интернет – “wi-fi” зона која овозможува да ги завршите вашите онлајн обврски, да прочитате некоја новост онлајн или пак да го споделите вашето доживување на социјалните мрежи. А за уште поубав амбиент, тука е и разновидното зеленило кое придонесува за креирање на атмосфера и чувство на удобност.

Со ваков пристап кон сегмент кој навидум е во втор план имајќи ја природата на „пазарењето“ низ продавници, секогаш ставајќи ги посетителите на прво место, Скопје Сити Мол уште еднаш докажа дека е вистинско место и прв избор - за релаксација, шопинг, забава и исклучително вкусна храна. Внесувајќи свежина во естетиката и функционалноста, овој трговски центар и етаблиран лидер во трговијата продолжува да бележи нови успеси секојдневно.

Скопје Сити Мол

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.