Почетна » Новости » Актуелно » Секоја чест: Млада докторка во Скопје донираше матични клетки за да спаси пациент болен од леукемија

Секоја чест: Млада докторка во Скопје донираше матични клетки за да спаси пациент болен од леукемија

Македонска докторка направи големо, несебично, хумано и човечко дело кое заслужува само пофалби.

Младата лекарка донираше матични клетки за да му го спаси животот на пациент кој боледува од акутна леукемија. Веста беше објавена од Министерството за здравство.

„На Клиниката за хематологија се реализираше значаен чин на храбост и човекољубие, кога млад лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој спасува живот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест. Трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција.“

„По тој повод, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ја посети докторката, донор на матични клетки, на која и се заблагодари за храброста и несебична посветеност да спаси туѓ живот“ - пишува во описот на фотографиите.

Докторка донира матични клетки

„Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток“ – изјави министерот Меџити.

Докторка донира матични клетки Докторка донира матични клетки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.