Драги читатели, со задоволство би сакале да ве информираме дека континуираната експанзија на dm во Македонија продолжува!
Во четврток, 16 јуни, во 8 часот наутро ќе се отворат вратите на првата dm дрогерија во Струга, на улица Маршал Тито бр. 1.
На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со:
★ -15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ, па и на веќе намалените производи
★ До -30% попуст на одредени производи за сончање (на што дополнително на каса се пресметува попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ!)
★ Повеќе од 4.000 dm марка производи со германски квалитет по супер цени
★ Многу подароци: со секоја сметка над 500 денари подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 2.000 денари подарок пешкир за на плажа
Покрај големите попусти кои ќе траат 3 дена (16.6 - 18.6.2022), на денот на отворањето, сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера.
Како секое отворање на нова dm дрогерија е оплеменето и со хуманитарна активност, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ООУ „Јосип Броз Тито“ во Струга.
Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 447,76 m2, од кои 322,41 m2 продажен простор, а 96,80 m2 магацински простор, како и 28,55 m2 помошен простор.
Работното време на оваа дрогерија ќе биде: понеделник до сабота од 8 до 22 часот.
Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 22 продажни објекти, од кои 13 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга.
Комерцијален текст