Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 680 тестирања, а има 80 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 54
- Куманово 1
- Тетово 3
- Велес 4
- Кавадарци 2
- Гостивар 7
- Крива Паланка 1
- Кочани 3
- Виница 2
- Делчево 1
- Свети Николе 2
Починати се 3 лица, пациенти од Скопје (48г), Струга (78г) и Струмица (68г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од:
- Скопје 44
- Куманово 5
- Прилеп 7
- Тетово 3
- Битола 2
- Кавадарци 1
- Гостивар 3
- Гевгелија 3
- Струмица 6
- Крива Паланка 1
- Кочани 7
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 1
- Берово 2
- Валандово 2
- Виница 3
- Свети Николе 3
- Кичево 2
- Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996.