Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.700 тестирања, а е потврдени 241 новоинфициран со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 73
- Куманово – 10
- Дебар – 1
- Штип – 60
- Прилеп – 5
- Тетово – 32
- Струга – 3
- Велес – 1
- Битола – 3
- Охрид – 2
- Гостивар – 14
- Гевгелија – 6
- Струмица – 4
- Крива Паланка – 3
- Радовиш – 3
- Крушево – 1
- Кочани – 8
- Пробиштип – 1
- Демир Хисар – 2
- Виница – 1
- Кратово – 1
- Свети Николе – 5
- Кичево – 2
Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76-годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 7 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885.