Почетна » Новости » Актуелно » Разоткриваме: Дали јаглехидратите навистина ни се непријатели и има ли „добри“ јаглехидрати?

Разоткриваме: Дали јаглехидратите навистина ни се непријатели и има ли „добри“ јаглехидрати?

Кога ќе се спомене диета за слабеење или здрави промени во исхраната, многумина веднаш им објавуваат војна на јаглехидратите. „Збогум на лебот, тортите, пастата, компирите...“ Но, дали безмилосниот „прогон“ на сите јаглехидрати од трпезата е оправдан и дали е најдобар план за да топите килограми и да се чувствувате витално и енергично?

Вистината е дека сите јаглехидрати не се исти и дека на телото му се неопходни јаглехидрати за да функционира оптимално и да е снабдено со енергија.

Јаглехидрати

Зошто јаглехидратите имаат лоша репутација?

Во последните неколку години, многу агресивно се промовираат протеинските диети како ефикасна тактика за слабеење, а тие охрабруваат исфрлање на јаглехидратите или нивна минимална консумација. „Популарноста на кето диетата во најголема мера придонесе за развој на извесен страв од јаглехидрати којшто е потполно неоправдан“ – појаснува Драгана Лошиќ, магистер по фармација и нутриционист.

Другата причина за негативниот однос кон јаглехидратите е што голем дел од луѓето кога ќе речат „не јадам јаглехидрати“ всушност мислат на јаглехидрати од печива и десерти, а не размислуваат дека природни јаглехидрати има во овесот, млекото, зеленчуците и овошните плодови.

„Поради големиот внес на слатки и производи од бело брашно, кои со текот на времето неминовно доведуваат до дебелеење, се развило верувањето дека јаглехидратите се непријатели на нашиот организам“ – дополнува Лошиќ.

Што велат експертите – ДА или НЕ за јаглехидратите?

Полемиките и многуте (дез)информации се причина за неблагонаклонетоста кон јаглехидратите. Но, нутриционистите се категорични дека правилната исхрана не ги исклучува, напротив – тие се нејзина важна компонента.

„Јаглехидратите ги вбројуваме во основни макронутриенти и се главен извор на енергија во нашиот организам“ – потенцира Лошиќ.

Всушност, исхраната сиромашна со јаглехидрати може да предизвика потешкотии и здравствени проблеми како главоболка, замор, слабост, намалена концентрација, опстипација и дефицит на одредени витамини и минерали, а може да влијае негативно и на менталната состојба.

Избегнувањето на јаглехидрати не е одржлив начин на исхрана
Лошиќ

„Во пракса се покажало дека избегнувањето на јаглехидрати не е одржлив начин на исхрана и дека може да доведе до чувство на потиштеност по снижувањето на нивото на серотонин, хормонот на среќата. Исто така, истражувањата покажуваат дека негативните емоции, во споредба со стресот, посилно влијаат на нашиот однос кон храната, па така и трендот на елиминирање на јаглехидратите од исхраната може да стимулира епизоди на прејадување и барање на утеха во храната. Познато е дека колку повеќе се лишуваме од нешто, толку повеќе копнееме за него и токму затоа, многу е важно да развиваме здрав однос кон храната“ – објаснува Лошиќ.

Советите на нутриционистите гравитираат околу тоа да се ослободиме од опсесијата да си ги „забрануваме“ сите јаглехидрати и повеќе да се фокусираме на типот на храна кој го внесуваме, односно изворот на јаглехидратите. Така, ако се храните главно со овесни производи, овошје и зеленчук, не е проблем во исхраната да ви преовладуваат јаглехидрати. Но, сосема поразлично и проблематично е доколку внесувате главно јаглехидрати кои доаѓаат од процесирана храна како леб, колачиња или чипс.

„Бидејќи јаглехидратите се неизоставен дел од правилната исхрана, советуваме наместо на нивна елиминација, да се фокусирате на нивните извори (интегрални житарки, мешунки, зеленчуци, овошје), количината, комбинирањето, како и времето на консумација. За подобра инсулинска сензитивност, повеќе консумирајте ги јаглехидратите во првата половина на денот и комбинирајте ги со здрави масти и протеини за поголема ситост и глукорегулација“ – порачува Лошиќ.

Како мудро да избираме „добри“ јаглехидрати?

Постојат повеќе поделби на јаглехидратите, но најчесто се зборува за „добри“ и „лоши“.

Примери за добри јаглехидрати Примери за лоши јаглехидрати
1. Овес Бели печива
2. Киноа Паста
3. Цели овошни плодови Пиво
4. Сладок компир (со лушпа) Газирани сокови
5. Цвекло Торта
6. Моркови Крекери
7. Мешунки (грав, грашок, леќа) Мармалад
8. Кафеав ориз Пица

Овесот е на пиедестал кога станува збор за здрави житарки и препораките се да се консумира што почесто. Тука доаѓа на сцената Boom Box, атрактивниот бренд за овесни производи развиени со нутриционисти, кој може да ви ги реши сите дилеми при изборот на здрав појадок или ужинка.

Јаглехидрати
Boom Box производите претставуваат квалитетен извор на јаглехидрати
Лошиќ

„Boom Box производите на база на овес претставуваат квалитетен извор на јаглехидрати, затоа што овесот е богат со влакна, особено бета глукан, витамини, минерали и антиоксиданси“ – препорачува Лошиќ.

Изберете овесна гранола со јаткасти плодови или овесна каша со шумско овошје и бадеми во комбинација со Boom Box овесен пијалак со бадеми и нема сомнеж дека ќе го започнете денот со здрави јаглехидрати. Кога попладне гладот ќе нападне и сте презафатени за цел оброк, дофатете ги овесните колачи со кокос или какао и инстантно ќе се заситите. Голем плус на Boom Box производите е тоа што се 100% од растително потекло и без додаден шеќер.

Јаглехидрати Јаглехидрати

„Да се потсетиме дека правилната исхрана се основа на умереност, урамнотеженост и разнообразност“ – заклучува Лошиќ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19704 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.