Трагате по нутритивно квалитетен оброк кој позитивно ќе ви влијае на здравјето и изгледот? Барате идеја за појадок што ќе ве држи сити подолго време и е брз за подготовка? Насочете се кон сè попопуларниот овес и апсолутно нема да погрешите.
Малата житарка со огромни супермоќи заслужено придоби статус на прехранбен фаворит кој асистира во одржувањето здрав и балансиран живот. Потребно е само да фрлите еден поглед на нутритивниот профил на овесот за да увидите дека содржи богатство од минерали, витамини, протеини и растителни влакна и нуди редица здравствени придобивки. Па, воопшто не е чудно што овесот, а поконкретно овесната каша, е најпрепорачуван појадок од нутриционистите.
Јак имунитет, снижен холестерол, привлечна линија... Топ 5 бенефиции од овесот
Овесот и овесните производи ни овозможуваат набрзина да внесеме микс од витални нутриенти, меѓу кои магнезиум кој е одличен за срцето и мозокот, цинк којшто го поттикнува имунитетот, железо кое ни дава енергија, како и витамини Б, фосфор, манган и растворливи и нерастворливи растителни влакна.
Па, кои сè бенефиции можеме да ги очекуваме со редовното консумирање на овес?
Го намалува холестеролот
Еден од најчестите здравствени предизвици во денешно време е покачениот холестерол, а овесот е фантастичен сојузник за одржување на здраво ниво на холестерол, бидејќи докажано го снижува лошиот (LDL) холестерол, благодарение на влакната наречени бета глукан.
Превенира констипација, промовира добро дигестивно здравје
Овесот е одличен за дигестивниот систем и не само што спречува запек, туку и го зголемува бројот на добри бактерии во цревата. Постојат истражувања кои ја поврзуваат исхраната богата со диететски влакна со намален ризик од рак на дебелото црево.
Помага за рамен стомак и вита фигура
Овесните оброци го контролираат апетитот, ни ја намалуваат желбата за слатко, ги топат масните наслаги и со долгорочна консумација, ја намалуваат телесната тежина.
Го стабилизира шеќерот во крвта
Овесот не дозволува пикови кај шеќерот во крвта по јадење и е извонреден за лица кои страдаат од дијабетес тип 2.
Придонесува за нормален крвен притисок
Бројни истражувања го зацврстуваат тврдењето дека исхраната богата со влакна е благотворна за лицата со хипертензија (покачен крвен притисок).
Како најлесно да консумирате овес секој ден?
Многумина ги избегнуваат овесот и овесните јадења поради блуткавиот вкус или поради тоа што ги сметаат за монотони. Но, сега има возбудливо, примамливо решение со широк дијапазон на вкусови низ кои сигурно ќе си пронајдете и омилена комбинација.
Станува збор за новиот бренд Boom Box, кој ни носи овесни производи совршени за појадок, ужина или лесна вечера, а кој веројатно веќе ви го има уловено окото од рафтовите во супермаркетите со слатките, модерни пакувања.
Започнете го денот со Boom Box овесна каша или крцкава гранола заедно со Boom Box овесен пијалак и ќе се чувствувате исполнето и задоволно, а ќе му дадете на телото супер оброк за да функционира оптимално.
Најдоброто од сè е што имате шанса да уживате во најразлични комбинации. Фановите на чоколадото можат да се насладуваат на овесна чоко каша со лешници или лешници и банани, или пак, во гранола со чоколадо и бадеми додека за оние кои ги преферираат овошните вкусови тука се овесната каша со јагоди и чиа семе, кашата со шумско овошје и бадеми, како и гранолата со шумско овошје, кокос и бадеми.
А за моментите кога сакате нешто да ве заслади и набрзина да грицнете без да ја нарушите здравата исхрана, одлична опција се Boom Box колачите со кокос, какао или брусница кои лесно влегуваат во секоја женска чанта.
Овесни оброци со кои ќе му кажете збогум на додадениот шеќер
Кога се работи за модерната исхрана, скриениот шеќер ни е многу голем непријател, бидејќи резултира со внесување на „празни“ калории, а му штети на организмот и води до зголемување на тежината и покачен ризик од појава на заболувања. Затоа, препорачливо е колку е што е можно повеќе да го ограничиме неговиот внес.
Една од многуте позитивни страни на Boom Box овесните производи е тоа што немаат додаден шеќер и во својот состав вклучуваат само природен шеќер од овесот и овошјето.
Зошто Boom Box забрзано станува хит и кај најпребирливите?
Овесните производи Boom Box освојуваат со карактеристики кои ги примамуваат и оние со поспецифични барања во однос на исхраната.
Имено, сите производи се 100% од растително потекло, што значи дека идеално одговараат на преференциите на веганите и вегетаријанците и се вклопуваат во исхраната на лицата кои постат. Голем плус е тоа што во нив нема вештачки ароми и бои.
Сума сумарум, со Boom Box ќе си подарите одличен старт на денот, доза здравје, хармонија од вкусови, добро расположение и атрактивен изглед.