Почетна » Новости » Актуелно » Принцезата Кетрин се отвори за завршувањето на хемотерапијата: „Ракот е комплексно и страшно патување“

Принцезата Кетрин се отвори за завршувањето на хемотерапијата: „Ракот е комплексно и страшно патување“

Принцезата Кетрин стави крај на мачно поглавје во нејзината битка со ракот. Во емотивна објава на Instagram, таа сподели дека завршила со хемотерапијата.

На официјалниот профил на Принцот и принцезата од Велс, беше објавено видео од семејни снимки, заедно со пораката:

Принцезата Кетрин

Како што наближува крајот на летото, не можам да ви кажам колкаво олеснување е што конечно ја завршив хемотерапијата.

Последниве 9 месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот кој го знаете може инстантно да се промени и ние моравме да пронајдеме начин да навигираме низ бурни води и непознат пат.

Ракот е комплексно, страшно и непредвидливо патување за сите, а особено за оние кои ви се најблиски.

Пред сè ова нè потсети мене и Вилијам да размислиме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни нешта во животот кои многу од нас ги земаат здраво за готово. Како тоа да сакаш и да бидеш сакан.

Сега фокусот ми е на тоа да останам без рак. Иако ја завршив хемотерапијата, мојот пат кон заздравување и целосно опоравување е долг и морам да продолжам ден по ден.

Со нетрпение чекам да се вратам на работа и да преземам уште неколку кралски должности во следните месеци кога ќе можам.

И покрај сè што се случи, влегувам во оваа нова фаза на закрепнување со обновено чувство на надеж и ценење на животот.

Со Вилијам сме многу благодарни за поддршката која ја добивме и влечеме голема сила од сите кои ни помагаат во ова време. Добрината, емпатијата и сочувството од сите нè прават понизни.

До сите кои остануваат на нивното патување со рак – Со вас сум, рамо до рамо, рака во рака. Од темнината може да излезе светлина, па дозволете ѝ на светлината да блесне силно.

Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин

На Кетрин ѝ беше дијагностициран рак по операцијата на стомакот на почетокот на годината. Сопругата на принцот Вилијам примаше хемотерапија како превентивна метода за спречување на ширење на болеста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19665 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.