Во рамките на третиот самит на Европската политичка заедница во Гранада, кралот Фелипе и кралицата Летиција организираа свечена вечера на која присуствуваа политичари и лидери од повеќе европски земји.
Меѓу нив беше и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој беше придружуван од сопругата Елена, која својот изглед повторно ѝ го довери на Тања Кокев.
Таа носеше креација во смирени кафени тонови украсен со панделка во предниот дел и волуменозно здолниште инспирирано од шпанската култура.
Фотографиите ги објави дизајнерката Кокев на Instagram.