Премиерот Димитар Ковачевски беше во работна посета на Њујорк. Заедно со сопругата Елена, тој беше на прием во седиштето на Обединетите Нации, по повод 30-годишнината од членството на нашата држава во ОН.
За оваа пригода, Елена својот изглед ѝ го довери на дизајнерката Тања Кокев. Сопругата на премиерот носеше елегантна портокалова креација од колекцијата
„Одбележуваме 30 години од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации. Нашата држава 30 години придонесува во стратешкото партнерство и визијата за иднината на Организацијата. Цврсто веруваме во ОН и во нејзините вредности. Како држава имаме потенцијал, заеднички да промовираме инклузивно, ефективно и одржливо глобално управување засновано на правилата и начелата на меѓународното право. Нашите амбиции пред 30 години и нашите амбиции денес остануваат исти: почитување на човековите права и основни слободи, демократија и економски развој и решавање на заедничките прашања што ја засегаат цела планета“ – пишува Ковачевски на Facebook.
Фотографии: vlada.mk