Скопје Сити Мол ги информира најмладите посетители и љубители на театарот дека претставите кои се одржуваа во недела во рамки на „Мој театар – Сити театар“ ќе продолжат да се организираат во текот на есента. Имено, со дополнителната единаесетта театарска претстава заврши првиот циклус на „Мој театар – Сити театар“ кој Скопје Сити Мол го организираше во партнерство со Синеплекс. Во текот на 11 недели најмладите во Синеплекс киното можеа да проследат интерактивни, иновативни и едукативни детски театарски претстави со различни приказни и музика во живо. Освен забавува и едукација, со посетите на Мој театар - Сити театар, децата имаа можност и да ја развиваат хуманоста бидејќи средствата од продажбата на билетите се наменети за донација.
„Чест ни е што најмладите ја препознаа нашата заложба да им обезбедиме незаборавно искуство преку кое тие учат, се едуцираат, но и ја развиваат љубовта кон театарската уметност. Заради огромниот интерес кај најмладите покрај планираните десет претстави, беше организирана дополнително уште една единаесетта претстава. Скопје Сити Мол не застанува тука, по заслужениот летен одмор Мој театар - Сити театар ќе се врати наесен на уникатната сцена во киното Синеплекс со побогати и нови содржини. И во текот на летото веруваме дека децата и нивните родители ќе продолжат да уживаат во содржините во омилениот трговски центар, како што се летната сцена и новото уникатно игралиште пред Скопје Сити Мол, како и во бројни други летни изненадувања - сѐ што сакаат“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.
Дел од Мој театар – Сити театар е и хуманитарната акција „Од дете за дете“, преку која сите средства од продажбата на билети по симболична цена за претставите на крајот од годината, по завршувањето на вториот циклус од детскиот театар ќе бидат донирани на детска хуманитарна организација.
Повеќе информации и фотографии од детските претстави може да се најдат на Facebook фан страната на Скопје Сити Мол.