Почетна » Новости » Актуелно » Официјално: Маската станува задолжителна и на отворено, со мали исклучоци

Официјално: Маската станува задолжителна и на отворено, со мали исклучоци

Мерките за спречување на ширењето на коронавирусот се прошируваат во нашата држава. Денеска беше одлучено да се премине и кон задолжително носење на заштитна маска/прекривка на отворен простор. Со мали исклучоци, секој ќе биде должен да ги прекрие носот и устата кога е надвор од домот.

Ви го пренесуваме целосното соопштение:

Коронавирус

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).

Оваа мерка нема да важи:

  • при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кое/кои што живее во заедница;
  • при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
  • при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
  • ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
  • ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и
  • ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.

Законот, ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.

Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од Ковид-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, доколку за тоа постојат услови. Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од Ковид-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од Ковид 19 по претходно дадена сосгланост од Министерството за здравство лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравстени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.