Кенсингтонската палата објави три портрети од војвотката Кетрин по повод нејзиниот 40. роденден.
Елегантната фотосесија била направена во Лондон од италијанскиот фотограф Паоло Роверси.
Раскошните креации кои ги носи убавата припадничка на британското кралско семејство се дело на модната куќа Александар МекКвин, која беше заслужна и за нејзиниот невестински фустан.
На фотографијата во боја, Кетрин носи дијамантски обетки од приватната колекција на кралицата Елизабета II додека за црно-белите портрети беа избрани обетки со бисери и дијаманти кои ѝ припаѓаа на покојната принцеза Дијана.
Фотографиите ќе ја збогатат колекцијата на Националната портретна галерија во Лондон.
Се претпоставува дека фотографиите се инспирирани од фотосесија со минималистичка позадина на принцезата Дијана со фотографот Патрик Демаршелие.