Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.816 тестирања, а има 721 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 334
- Прилеп 56
- Кавадарци 52
- Неготино 34
- Велес 26
- Охрид 24
- Битола 23
- Куманово 22
- Тетово 18
- Струмица 16
- Гевгелија 15
- Крива Паланка 14
- Гостивар 13
- Струга 10
- Богданци 9
- Кичево и Делчево – по 8
- Крушево 7
- Штип 6
- Кочани и Ресен - по 5
- Свети Николе 3
- Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2
- Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (68г, 81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 171 оздравени пациенти од:
- Скопје 71
- Кавадарци 20
- Прилеп 18
- Куманово 14
- Тетово 12
- Велес 6
- Кочани 5
- Гевгелија и Битола – по 4
- Штип, Струмица и Неготино – по 3
- Гостивар и Кратово – по 2
- Ресен, Охрид, Делчево и Валандово – по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.