Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 484 тестирања, а има 37 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 9
- Дебар 1
- Прилеп 5
- Тетово 3
- Гостивар 1
- Гевгелија 12 (странски државјани)
- Струмица 1
- Радовиш 1
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Делчево 1
- Кратово 1
Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од:
- Скопје 171
- Куманово 15
- Штип 10
- Прилеп 15
- Тетово 2
- Велес 6
- Битола 2
- Кавадарци 4
- Гостивар 2
- Гевгелија 2
- Пробиштип 3
- Пехчево 3
- Берово 5
- Виница 1
- Свети Николе 8
- Кичево 1
- Неготино 1
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 2 деца и 1 мајка позитивни на КОВИД-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.018.