Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.627 тестирања, а има 999 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 539
- Прилеп и Битола по 44
- Куманово 41
- Охрид 38
- Кавадарци 34
- Велес 25
- Гевгелија 23
- Тетово 22
- Неготино 21
- Кочани 20
- Крива Паланка 19
- Гостивар 16
- Штип 15
- Струга 10
- Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево по 8
- Ресен и Делчево по 7 лица
- Берово 6
- Демир Капија 5
- Свети Николе, Радовиш и Пехчево по 4
- Демир Хисар и Виница по 3
- Кратово 2
- Дебар, Богданци и Македонски Брод по 1
Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 до 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар и по еден од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 543 оздравени пациенти од:
- Скопје 240
- Охрид 52
- Прилеп 38
- Тетово 27
- Велес, Гевгелија и Струга по 24
- Куманово 17
- Струмица и Битола по 14
- Гостивар 12
- Кочани 8
- Крива Паланка, Пробиштип и Дебар 5
- Кичево, Крушево и Делчево по 4
- Ресен, Свети Николе и Кратово по 3
- Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци по 2
- Неготино, Валандово и Радовиш по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.