Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 98 новозаразени, а дури 9 починати од коронавирус кај нас

Нови податоци: 98 новозаразени, а дури 9 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.404 тестирања, а има 98 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 50
  • Куманово 6
  • Штип 4
  • Прилеп 5
  • Тетово 7
  • Струга 3
  • Велес 1
  • Битола 4
  • Охрид 2
  • Гостивар 1
  • Струмица 9
  • Крива Паланка 1
  • Кочани 1
  • Берово 1
  • Делчево 2
  • Кичево 1
Коронавирус податоци

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:

  • Скопје 46
  • Штип 6
  • Прилеп 8
  • Тетово 9
  • Велес 1
  • Охрид 3
  • Гевгелија 1
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 2
  • Кочани 2
  • Македонски Брод 5
  • Пехчево 4
  • Берово 4
  • Виница 2
  • Делчево 6
  • Свети Николе 1
  • Кичево 2

Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на КОВИД-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 5 мајки позитивни на КОВИД-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.925, бројката на оздравени пациенти е 13.418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.846.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир 50
  • Гази Баба 74
  • Аеродром 86
  • Карпош 74
  • Центар 72
  • Кисела Вода 54
  • Ѓорче Петров 26
  • Бутел 35
  • Шуто Оризари 13
  • Студеничани 9
  • Сарај 15
  • Арачиново 9
  • Илинден 8
  • Сопиште 2
  • Чучер Сандево 2
  • Петровец 4
  • Зелениково 1
  • Странец 3
  • Нераспределен 3

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.