Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 830 тестирања, а се потврдени 94 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 49
- Куманово – 2
- Штип – 8
- Прилеп – 1
- Тетово – 6
- Струга – 2
- Гостивар – 13
- Кочани – 2
- Свети Николе – 9
- Кичево – 2
Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од:
- Скопје-27
- Штип 1
- Прилеп 8
- Тетово 1
- Велес 3
- Кочани 2
Досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619.