Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.449 тестирања, а има 865 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 397
- Куманово 22
- Дебар 2
- Штип 34
- Прилеп 29
- Тетово 95
- Струга 7
- Велес 44
- Битола 31
- Охрид 21
- Кавадарци 26
- Гостивар 30
- Гевгелија 4
- Струмица 37
- Крива Паланка 5
- Радовиш 6
- Кочани 17
- Пробиштип 7
- Демир Хисар 2
- Македонски Брод 1
- Берово 4
- Виница 6
- Делчево 6
- Кратово 4
- Свети Николе 4
- Кичево 15
- Ресен 5
- Неготино 4
Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од:
- Скопје 125
- Куманово 24
- Дебар 14
- Штип 12
- Прилеп 9
- Тетово 34
- Струга 1
- Велес 4
- Битола 9
- Кавадарци 2
- Гостивар 4
- Гевгелија 7
- Струмица 30
- Крива Паланка 2
- Радовиш 4
- Кочани 32
- Пробиштип 1
- Берово 2
- Валандово 3
- Виница 5
- Делчево 24
- Свети Николе 5
- Кичево 5
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.436, бројката на оздравени пациенти е 21.090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10.342.