Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.763 тестирања, а има 708 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 341
- Прилеп 59
- Куманово 41
- Велес 37
- Гостивар, Битола и Охрид по 26
- Кавадарци 23
- Тетово 18
- Штип 17
- Кочани 16
- Неготино и Дебар по 11
- Гевгелија 10
- Струмица 9
- Струга 7
- Свети Николе, Ресен и Виница по 5
- Македонска Каменица 3
- Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран по 2
- Радовиш, Делчево, Берово и Валандово по 1
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 8 пациенти од Скопје (85г, 82г, 78г, 76г, 75г, 74г, 45г, 39г), по 4 пациенти од Прилеп (71г, 70г, 70г, 64г) и Куманово (81г, 69г, 62г, 56г), 3 пациенти од Кавадарци (70г, 67г, 58г), по 2 пациенти од Гостивар (67г, 64г), Битола (75г, 67г), Велес (71г, 51г) и Неготино (73г, 71г) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59г), Охрид (70г), Кочани (74г), Кичево (74г), Гевгелија (66г) и Берово (69г).
Регистрирани се 11 оздравени пациенти (ова не е целосната бројка на оздравени лица во изминатите 24 часа, поради апдејтирање на софтверот, вкупниот број на оздравени од изминатото деноноќие ќе биде прикажан во утрешната статистика) од:
- Тетово 3
- Скопје и Штип по 2
- Велес, Битола, Кочани и Пробиштип по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.