Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.350 тестирања, а има 162 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 75
- Куманово 14
- Дебар 1
- Штип 5
- Прилеп 5
- Тетово 13
- Струга 1
- Велес 2
- Битола 5
- Охрид 2
- Кавадарци 2
- Гевгелија 3
- Струмица 10
- Крива Паланка 3
- Радовиш 4
- Кочани 12
- Пробиштип 1
- Валандово 1
- Виница 2
- Свети Николе 1
Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:
- Скопје 24
- Куманово 10
- Штип 4
- Прилеп 11
- Тетово 10
- Струга 9
- Велес 1
- Битола 1
- Охрид 9
- Кавадарци 2
- Гостивар 3
- Гевгелија 2
- Струмица 3
- Крива Паланка 1
- Кочани 13
- Берово 2
- Валандово 2
- Свети Николе 2
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.327.