Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 137 новозаболени, 131 оздравен, а 10 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 137 новозаболени, 131 оздравен, а 10 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 1.437 тестирања, а се потврдени 137 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 64
  • Куманово – 7
  • Штип – 19
  • Прилеп – 1
  • Тетово – 7
  • Струга – 14
  • Велес – 1
  • Битола – 2
  • Охрид – 5
  • Гостивар – 6
  • Радовиш – 2
  • Крушево – 1
  • Демир Хисар – 1
  • Свети Николе – 3
  • Кичево – 4
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје (41), Штип (10), Тетово (11), Струга (25), Велес (3), Охрид (36), Гостивар (5).

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 79, 76, 82, 61 и 72 години.

Во Институтот за белодробни заболувања Козле почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 275
  • Аеродром – 200
  • Бутел – 140
  • Гази Баба – 206
  • Центар – 162
  • Карпош – 174
  • Сарај – 115
  • Кисела Вода – 158
  • Ѓорче Петров – 120
  • Студеничани – 109
  • Шуто Оризари – 105
  • Арачиново – 33
  • Илинден – 25
  • Петровец – 22
  • Чучер Сандево – 11
  • Сопиште – 20
  • Зелениково- 13
  • Странец – 7
  • Нераспределен- 14

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.547, бројката на оздравени пациенти е 5.071, на починати е 442, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.034.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.