Почетна » Новости » Актуелно » Нови податоци: 127 заразени, 83 оздравени и 8 починати од коронавирус во Македонија

Нови податоци: 127 заразени, 83 оздравени и 8 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 904 тестирања, а се потврдени 127 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 57
  • Куманово – 4
  • Штип – 13
  • Тетово – 6
  • Струга – 10
  • Охрид – 7
  • Кавадарци – 1
  • Гостивар – 8
  • Пробиштип – 2
  • Демир Хисар – 1
  • Кратово – 2
  • Свети Николе – 12
  • Кичево – 4
Податоци

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34, 45, 78 и 87 години, а кај 62-годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од:

  • Скопје 35
  • Штип 8
  • Тетово 33
  • Велес 1
  • Гостивар 5
  • Пехчево 1

Досега во земјата се направени вкупно 85.820 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.153, бројката на оздравени пациенти е 4.810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.921.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19740 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.