Владата донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. На денешната седница беше одлучено:

- Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.
- На седницата беше донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.
- Владата усвои и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на државата, по 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.
Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот: Се скратува...
Posted by Zoran Zaev on Tuesday, November 3, 2020