Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.972 тестирања, а има 582 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 274
- Куманово 24
- Тетово 18
- Прилеп 55
- Гостивар 9
- Штип 8
- Битола 10
- Велес 18
- Охрид 13
- Струмица 12
- Кавадарци 40
- Струга 8
- Кочани 10
- Кичево 1
- Неготино 20
- Гевгелија 23
- Ресен 2
- Крива Паланка 5
- Дебар 3
- Делчево 2
- Берово 1
- Пробиштип 2
- Виница 3
- Валандово 4
- Кратово 2
- Демир Хисар 1
- Крушево 7
- Богданци 5
- Демир Капија 2
Починати се 13 лица, 6 пациенти од Скопје (64г, 66г, 72г, 74г, 77г и 89г), три од Прилеп (48г, 72г и 83г), и по еден смртен случај е пријавен од Штип (61г), Охрид (75г), Крива Паланка (83г) и Пробиштип (79г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 374 оздравени пациенти од:
- Скопје 160
- Охрид 59
- Струга 24
- Кавадарци 20
- Прилеп 14
- Тетово 12
- Гевгелија и Велес по 9
- Куманово 8
- Ресен 7
- Дебар 6
- Битола, Штип и Радовиш по 5
- Делчево 4
- Неготино, Гостивар, Крива Паланка и Берово по 3
- Струмица, Крушево, Валандово, Пробиштип, Кратово и Кичево по 2
- Кочани, Виница и Македонска Каменица по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.214, бројката на оздравени пациенти е 90.685, на починати е 3.111, а бројот на активни случаи изнесува 7.418.