Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.224 тестирања, а има 148 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 50
- Куманово 4
- Дебар 2
- Штип 2
- Прилеп 9
- Тетово 11
- Велес 2
- Битола 6
- Кавадарци 6
- Гостивар 3
- Гевгелија 1
- Струмица 6
- Крива Паланка 3
- Радовиш 1
- Кочани 18
- Берово 11
- Валандово 1
- Свети Николе 6
- Кичево 5
- Неготино 1
Во болнички услови се починати 3 пациенти од Прилеп (62г), Кочани (87г) и Гостивар (64г).
Институтот за јавно здравје регистрира 65 оздравени пациенти од:
- Скопје 15
- Куманово 5
- Штип 6
- Прилеп 3
- Тетово 3
- Струга 2
- Велес 1
- Битола 4
- Охрид 5
- Кавадарци 1
- Гостивар 6
- Струмица 4
- Крива Паланка 2
- Радовиш 2
- Кочани 6
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 2 мајки позитивни на КОВИД-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примен е 1, а вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 165, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.629, бројката на оздравени пациенти е 14.581, на починати е 725, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.323.