Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.140 тестирања, а има 364 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 184
- Куманово 13
- Дебар 1
- Штип 13
- Прилеп 12
- Тетово 19
- Струга 6
- Велес 4
- Битола 10
- Охрид 4
- Кавадарци 5
- Гостивар 4
- Гевгелија 5
- Струмица 21
- Крива Паланка 5
- Радовиш 11
- Кочани 17
- Пробиштип 2
- Македонски Брод 1
- Берово 3
- Валандово 3
- Виница 2
- Делчево 4
- Свети Николе 11
- Кичево 3
- Неготино 1
Починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од:
- Скопје 35
- Куманово 12
- Дебар 2
- Штип 3
- Прилеп 16
- Тетово 6
- Струга 3
- Велес 4
- Битола 4
- Охрид 4
- Кавадарци 1
- Гостивар 1
- Гевгелија 1
- Струмица 4
- Крива Паланка 3
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 2
- Свети Николе 2
- Кичево 1
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 201512 тестирања на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на КОВИД-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19.777, бројката на оздравени пациенти е 15.855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.147.