Институтот за јавно здравје објави дека во изминатото деноноќие се направени 918 тестирања, а има 104 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 53
- Куманово 8
- Штип 2
- Прилеп 13
- Тетово 3
- Струга 1
- Битола 1
- Кавадарци 2
- Гостивар 1
- Гевгелија 1
- Крива Паланка 4
- Радовиш 1
- Крушево 2
- Кочани 6
- Виница 3
- Свети Николе 1
- Неготино 2
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 539 оздравени пациенти од:
- Скопје 283
- Куманово 18
- Штип 3
- Прилеп 36
- Тетово 7
- Струга 31
- Велес 7
- Битола 17
- Охрид 50
- Кавадарци 25
- Гостивар 9
- Гевгелија 6
- Струмица 6
- Крива Паланка 3
- Кочани 10
- Пробиштип 2
- Берово 4
- Валандово 2
- Кратово 2
- Свети Николе 2
- Кичево 5
- Неготино 11
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.597, бројката на оздравени пациенти е 67.992, на починати е 2.635, а бројот на активни случаи изнесува 15.970.