Во изминатата деноноќие, во земјата се дијагностицирани 54 нови случаи на коронавирус. Со ова, вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 се искачи на 908.
По градови, новите случаи се од Скопје (13), Куманово (25), Штип (1), Прилеп (10), Тетово (1), Велес (2), Гостивар (1), Кичево (1),
Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа починаа шест нови пациенти.
Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).
Според местото на живеење, случаи на заболени од коронавирус досега се регистрирани во:
- Скопје – 329
- Куманово – 236
- Дебар – 49
- Штип-28
- Прилеп –85
- Тетово – 38
- Струга – 43
- Велес – 34
- Битола –9
- Охрид –4
- Кавадарци – 3
- Гостивар –9
- Гевглелија – 4
- Струмица – 2
- Крива Паланка-3
- Радовиш – 4
- Крушево – 3
- Кочани – 22
- Пробиштип – 2
- Кичево – 1
Во изминатото деноноќие направени се 710 теста.