Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.382 тестирања, а се потврдени 198 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 83
- Куманово – 12
- Дебар – 1
- Штип – 21
- Прилеп – 2
- Тетово – 9
- Струга – 3
- Велес – 2
- Битола – 11
- Охрид – 3
- Гостивар – 10
- Радовиш – 7
- Кочани– 1
- Пробиштип – 2
- Демир Хисар – 3
- Свети Николе – 27
- Кичево – 1
Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје (71), Штип (7), Тетово (12), Велес (1), Битола (1), Кочани (1), Пробиштип (1), Кичево (1) i Ресен (2).
Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, бројката на оздравени пациенти е 4.565, на починати е 393, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572.