Почетна » Новости » Актуелно » Навременото откривање на ракот може да значи живот: Намалени цени на дијагностички прегледи во „Жан Митрев“

Навременото откривање на ракот може да значи живот: Намалени цени на дијагностички прегледи во „Жан Митрев“

Ракот се вбројува во 10-те најголеми закани за глобалното здравје на човештвото. Алармантните податоци говорат дека само во 2021 година, околу 10 милиони луѓе ширум светот починале од карцином. Покрај најкошмарниот исход, односно предвремената смрт, причина за загриженост се и изгубената продуктивност, здравствените трошоци, редуцираните или пропуштените примања, намалениот квалитет на живот и попреченоста кои се јавуваат како последица на подмолната болест.

Токму затоа, секој 4 февруари, Светскиот ден на карциномот го насочува светското внимание кон ракот, како и неговата превенција, дијагностика и лекување, признавајќи ја посветеноста на организациите, заедниците и индивидуите за намалување на глобалното влијание на болеста.

Има 43.8 милиони луѓе кои се живи и 5 години по дијагнозата рак

„Да не ја потценуваме моќта на колективната свест, да дадеме сите придонес кон подигање на свеста дека голем процент (30 до 50%) на сите видови рак можат да се спречат доколку се преземат мерки навреме. Денес, има 43.8 милиони луѓе кои се живи и 5 години по нивната дијагноза. Преку инвестирање, поголем пристап до информации, навремена дијагностика и лекување се зголемуваат шансите за преживување канцер. Ние во Жан Митрев се приклучуваме кон иницијативата за информирање и навремена дијагностика по намалени цени“ – порачуваат од „Жан Митрев“ и истакнуваат дека обезбедиле намалување на цените на дијагностички прегледи.

!

Во периодот од 7 февруари до 31 март дијагностичките прегледи ехо на дојка, 2Д, 3Д мамографија, компјутерска томографија на бели дробови и видеодермоскопското мапирање на кожата се на половина цена во реномираната клиника.

Не чекајте, закажете го вашиот преглед во „Жан Митрев“ на 02/3091-484

Кампања на Жан Митрев

Секој од нас има моќ да го намали ризикот од канцер. За да ги минимизирате шансите од појава на рак, применувајте ги непрекинато следните совети:

1

Редовните прегледи треба да ви се приоритет

Добро познавајте го своето тело и при појава на каква било сомнителна промена, неодложно консултирајте се со лекар. Исто така, создајте си навика периодично да одите на превентивни прегледи, дури и кога мислите дека сè е во ред. Редовните контроли го намалуваат ризикот од заболување и може да се пресуден фактор за избегнување на предвремена смрт.

Кампања на Жан Митрев
2

Ограничете го користењето на алкохолни пијалаци и тутун

Алкохолот навлегува во крвотокот уште по првата голтка, а првичните ефекти врз телото се појавуваат по само 10 минути. За жал, долгорочните ефекти од прекумерното консумирање на алкохол можат да бидат мошне сериозни – зголемен крвен притисок, намален имунитет, болести на срцето и црниот дроб, мозочен удар, дигестивни проблеми, но и рак на дојка, уста, грло, хранопроводот, дебелото црево или ректумот. Медицинските лица советуваат умерено консумирање на алкохолни пијалаци за зачувување на здравјето.

Експертите се категорични и во однос на поврзаноста на пушењето со ракот и апелираат дека пушењето е ризик број еден за појавата на рак на белите дробови, но и дека тоа може да доведе до канцер на кој било дел од телото.

3

Негувајте поздрав начин на живот

Современото живеење ни диктира да се движиме со огромно темпо и неретко го користиме изговорот „немам време“ за да не вежбаме и здравите оброци да ги заменуваме со брза храна. За среќа, со подобра организираност можеме лесно да ги надминеме пречките и да си дозволиме поздрав живот каков што и заслужуваме. Практикувајте предвреме да ги планирате и готвите оброците, вклучително и ручекот за на работа, почесто заменувајте го автомобилот со возење велосипед или со пешачење, користете ги викендите за истражување на природата. Со мали чекори можете да направите голема позитивна промена.

Кампања на Жан Митрев
4

Бидете физички активни

Движете се што повеќе во текот на денот. А ако поради работата минувате долги часови во седечка положба, ставајте си потсетници да станувате и да се растегнувате на секој половина час. Пронајдете физичка активност која ќе ве исполнува, независно дали тоа е јога, пилатес или пливање и практикувајте ја редовно. Бенефициите од тоа се убава фигура, намален ризик од кардиоваскуларни болести и рак, подобра концентрација, силно ментално здравје...

5

Избегнувајте изложување на сонце

Умереноста е многу важна кога станува збор за сонцето. Краткото изложување од 5-15 минути дневно, повеќе пати во седмицата, е многу корисно. Но, претераното изложување на сонце без соодветна заштита може да биде многу опасно. Токму затоа, потребно е да користиме кремови со заштитен фактор, особено во летните месеци кога силните зраци брзо можат да доведат до оштетување на кожата.

Кампања на Жан Митрев
6

Одржувајте здрава телесна тежина

Вашата тежина и обемот на вашиот струк имаат големо влијание на целокупното здравје. За да си ја олесните мисијата за негување на здрава тежина, неопходно е да имате квалитетен сон, да консумирате повеќе овошје и зеленчук, да пиете доволно вода, да минувате помалку време пред екрани и повеќе време во движење итн. Здравата тежина не само што ќе ве штити од сериозни болести, туку и ќе ви даде атрактивен изглед и зголемена самодоверба. Инвестирајте во себе и нема да зажалите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.