Бисера Костадиновска Стојчевска присуствуваше на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
На отворањето на манифестацијата во Битола, министерката за култура зачекори на црвениот тепих во елегантно издание. Асиметричниот црн фустан со бел детаљ таа го искомбинира со минималистички сандали во црвена боја.
Костадиновска Стојчевска му ја додели наградата Златна камера 300 за животен опус на оскаровецот Питер Бижу.
Во својот говор, Министерката рече:
Филмската уметност е моќен медиум, најразбрирливиот јазик кој лесно ги минува сите бариери. Тоа одамна го осознаа браќата Манаки и влегувајќи во свој филм, допреа до Прекрасното непознато, онаму кон каде што одите и вие. Празникот во Битола веќе започна, ви благодарам за вашето присуство, уживајте. Го прогласувам фестивалот за отворен.
44-тото издание на „Браќа Манаки“ се одржува до 29 септември под мотото „Прекрасното непознато“. За време на најстариот фестивал на филмската камера во светот ќе бидат прикажани 79 филма во кино салите, а ќе има и проекции на отворено.