Почетна » Новости » Актуелно » „Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

„Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

Линкови кои што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор.

Макпетрол

Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

- „Макпетрол“ традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај“ и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат - истакнуваат од компанијата.

Макпетрол

Надлежните институции се известени за пораките преку кои што се повикува учество во лажната наградна игра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.