Пред 14 години, балканската јавност со неверување ја слушна трагичната вест за кобната сообраќајна несреќа во која загина неповторливиот Тоше Проески. Никој не сакаше да прифати дека харизматичниот пејач со ангелски глас и со големо срце замина засекогаш и дека повеќе нема да нè поздравува со „Ве сакам сите“.
До ден-денес не стивнува тагата од згаснувањето на животот на македонскиот музичар кој зрачеше со скромност, хуманост и човечност. Колегите и пријателите на Тоше со длабоки емоции споделуваат пораки, фотографии и песни во негово сеќавање.
Каролина Гочева
Каролина во интимна домашна атмосфера ја отпеа баладата „Илузија“.
Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години…
Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени…
Напишана од чичко Кире (Костов)…
Илузија
За Тоше ❤️
Игор Џамбазов
„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме...“ – напиша Игор.
Тамара Тодевска
Калиопи
Калиопи сподели фотографии, видео и тажна порака.
„И овој октомври нема боја откако си замина засекогаш. Единствената боја е во спомените, во твојот боженствен глас кој го остави во твоите песни, за да нè потсетиш дека ништо не е минливо, зашто смртта сама по себе не е крај. Некако си тука... како никогаш да не замина“ – пишува таа.
Тони Цетински
Елена Ристеска
Весна Петрушевска
Петрушевска објави видео од настап на Тоше во нејзината емисија „Вртелешка“ заедно со Бени Шаќири, како и пораката:
14 години без тебе и пак врне...
Оваа песна ми е особено драга од милион наши причини ...па како се договаравте да ја отпеете, многу сакав заедно нешто да направите....има толку приказни за секоја наша средба...детали, насмевки, тајни, горчини ..си ги чувам за себе така е најарно ❤️❤️❤️те сакам до небото и назад ❤️