Денешниот ден е историски за Шпанија.
Принцезата Леонор наполни 18 години и со тоа официјално стана престолонаследничка на шпанскиот трон. Убавата ќерка на кралицата Летиција и кралот Фелипе во Парламентот се заколна на верност на Уставот, што значи дека ќе може да носи одлуки во отсуство на нејзиниот татко.
Видео
На церемонијата, на која присуствуваше целото нејзино семејство, Леонор носеше бел костум и ги прими медалите на Конгресот и Сенатот.