Бројот на нови случаи на коронавирус повторно се искачи над 500. Институтот за јавно здравје соопшти дека направени се 2.813 тестирања, а има 509 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 285
- Прилеп 37
- Кавадарци 29
- Охрид 24
- Велес 16
- Тетово 11
- Битола 10
- Крива Паланка 10
- Струга 9
- Гевгелија 9
- Куманово 8
- Неготино 8
- Кочани 7
- Крушево 7
- Гостивар 6
- Штип 6
- Ресен 4
- Делчево 4
- Берово 4
- Пробиштип 3
- Кратово 3
- Богданци 3
- Свети Николе 2
- Валандово 2
- Струмица 1
- Радовиш 1
Починати се 9 лица, 4 пациенти од Скопје (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 354 оздравени пациенти од:
- Скопје 198
- Куманово 20
- Прилеп 18
- Кавадарци 17
- Тетово 14
- Гевгелија 11
- Велес 10
- Струмица 10
- Гостивар 8
- Неготино 6
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Берово 4
- Дојран 4
- Штип 3
- Ресен 3
- Виница 3
- Битола 2
- Струга 2
- Кочани 2
- Валандово 2
- Кратово 2
- Кичево 1
- Делчево 1
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 1
- Демир Капија 1
- Македонска Каменица 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.