Велосипедисти од Кавадарци извозија илјада километри во чест на Тоше Проески.
Драган Јованов, Марјан Хаџи-Мустафов, Анастас Гечев, Ѓорѓи Белевски, Марјан Кузманов и Горан Богоевски тргнаа од Нова Градишка, местото кадешто почина нашиот ангел, и возеа сè до неговото родно Крушево.
„Од срце за Тоше. Од Нова Градишка до Крушево кавадаречките велосипедисти возеа во чест на Тоше Проески“ – стои во описот на фотографиите на Facebook.
Велосипедистите беа придружувани од возило за техничка поддршка, кое четврта година по ред го возеше Катица Кузманова.